Volkswagen го промовира новиот ID Tiguan

276

Германскиот производител на автомобили Volkswagen, го претстави новиот член на семејството ID, префикс во името кое се однесува на новите автомобили на струја.

Станува збор за новиот ID Tiguan, кој ќе биде достапен со погон на задните или на ситре тркала, со батериски пакувања од 58 kWh и 77 kWh.

Се чини дека со новата номенклатура (именување) на своите електрични модели, како да сватија луѓето од Volkswagen дека публиката не сака модели со чудни имиња, па затоа новиот во низа го нарекоа ID Tiguan, и истиот треба да ги замени моделите ID 4 и ID 5.

Новиот електричен Tiguan, согласно праксата на брендовските конгломерати, ја користи MEB+ платформата, која веќе ја носат моделите Cupra Raval, VW ID Polo и VW ID Cross.

Во основата е сместен моделот со погон на задните тркала и батерија од 58-kWh, кој треба да испорачува 187 коњски сили.

Во средината на моделскиот избор е позициониран моделот со погон назадните тркала, со батерија со капацитет од 77 kWh и моќност од 282 коњски сили.

И на врвот, оние кои сакаат модело со погон на сите тркала може да го изберат 4MOTION моделот со комбинирана моќност од 295 коњски сили и поголемата батерија од 77-kWh.

Според луѓето од VW, овој модел може да испорача 600 километри автономија со полна батерија, според WLTP циклусот, а се работи за моделот со погон на задните тркала и поголемата батерија. Автономија која ќе го направи животот на клиентите поедноставен, а изборот на овој модел полесен.

Во дизајнот, јасно е препознатлив новиот Pure Positive дизајнерски јазик на Volkswagen, и секако има повеќе сличности со ID Polo и ID Cross, отколку со моделите кои ги заменува ID 4 и ID 5.

И ентериерот делува модерно. Има нов волан, на кој се поставени физички копчиња за темпоматот и контролата на аудио системот.

Моделот има и поголем инструмент кластер поставен зад воланот, и секако, неизоставен екран чувствителен на допир поставен во средината.

Логично, на располагање на возачите им се и многу системи за активна и пасивна безбедност, како и елементите на конективноста и поврзувањето со мобилните телефони.

Погледнете ја последната епизода од Темпо Магазин :

Реклама