Овој податок, уште еднаш ја отсликува реалноста во која моментно живее автомобилскиот пазар во Европа.
На Саемот за автомобили во Париз, кој почнува на 12ти Октомври, 20 од 60 брендови (третина) се брендови кои доаѓаат од Кина!

Интересно е и тоа дека на последниот саем во 2024 година, присутни биле само 10 Кинески брендови, што повторно зборува за агресивниот галоп со кој Кинеските производители на автомобили го преплавуваат европскиот авто пазар.
Помеѓу брендовите кои доаѓаат од Азискиот џин се познати брендови како што е BYD, Geely, Chery, Jaecoo и Leapmotor, но присутни ќе бидат и некои сосема нови брендови за кои не сме слушнале досега како што се Li Aito, Aito, Aion, 212
Погледни ја последната епизода на Темпо Магазин :













