Полицијата во Дубаи, добива уште еден “ѕвер” на тркала

151

Полицијата во Дубаи, доби уште еден ѕвер на тркала во својата флота на супер спортски автомобили.

На ред дојде и Ferrari 812 Superfast, со сериозен мејковер на германската тјунинг компанија Mansory, кој директно влегува во веројатно најспектакуларната полициска ергела во светот.

Под хаубата на Ferrari 812 Superfast се крие 6,5 литарски V12 мотор со моќност до 800 коњски сили, максимална брзина од 345 km/h и забрзување од 0 до 100 km/h забрзува за 2,8 секунди.

Инаку, овој автомобил веќе не се произведува во Ферари, од 2024 година.

Реклама