Mazda ги брани големите екрани во возилата

215

Иако Јапонскиот производител Mazda, веројатно најдолго даваше отпор на продорот на големите екрани чувствителни на допир, наспроти копчињата и физичките контролери, во новиот  CX-5, е направено токму спротивното.

Во одбрана на својата одлука да се префрли контролата на клима уредот и греењето на големиот екран, застана и Коичиро Јамагучи, програм менаџерот на CX-5, кој изјави:

“Kлима уредот можете да го подесите со движење на прстот, а ако ставевме физичко копче, тоа најпрво треба да се направи на пониска позиција. Потоа возачот треба да погледне надолу, а таму се наоѓаат околу 15 слични копчиња. Тоа значи дека треба да гледате долу и да го избирате точното копче – што значи дека возачот мора да го симне погледот од патот. Наместо да го прави тоа, подобро е да се има контрола на екранот – со што се минимизира нивото на деконцентрација.”

Реклама