Во централата на Европската Унија во Брисел, пристигнало барање од ANFIA (Асоцијација на автомобилската индустрија и добавувачи) за автомобилите произведени во Кина да се воведат драконски царински стапки од 80%!
Предлогот, кој сеуште не е усвоен од бирократите во Унијата, јасно го покажува стравот на европските производители на автомобили и компоненти за истите.
Предлогот оди дотаму, што се предлага истата стапка да се примени и за деловите и компонентите произведени во Кина а увезени на територија на Унијата.
Зад ова се крие стравот, дека со најавеното отворање на фабрики во Европа, Кинеските производители на автомобили ќе ги заобиколат царините, а подоцна, без дополнителни ограничувања ќе може да ги увезуваат компонентите и батериите од Кина. А ваквиот увоз може да значи и до 80% од вредноста на автомобилот.

Ако уште се погледне и во бројките, според ACEA која во еден извештај е цитирана од Ројтерс, во првата половина од 2026 година, во Европската Унија, околу 9% од вкупната продажба на нови автомобили потекнува од Кина.
Останува да видиме дали предлогот ќе биде разгледан и можеби усвоен… што може времено да им помогне на европските производители на возила кои се во класичен нокдаун, но на дог рок, повторно може да го разниша автомобилскиот свет, бидејќи и голем број на европски производители сериозно користат Кинеска технологија и компоненти во своето производство.













