И Кинески Chery има “коњ за трки”!

94

Kинескиот производител на автомобили Chery исфрла свој, дизел плаг-ин пикап камионет и влегува во борба со “земјакот” BYD Shark кој има одлични продажни резултати, особено на пазарот во Австралија.

Моделот на Chery ќе го носи името Stockman, и за разлика од Шарк на конкурентот BYD, нема да биде погонуван со бензински плаг-ин мотор, туку директно ќе бде лансиран со турбо-дизел плаг ин мотор.

Koнфигурацијата ќе опфаќа 2.5-литарскитурбо дизел мотор со четири цилиндри, комбиниран со електричен мотор и литиум јон фосфатна батерија од 34 kWh која на Stockman ќе му обезбеди моќност од 469 коњски сили и вртежен момент од 800 Nm.

Пикапот ќе може да влече и товар до 3,495 kg како што тоа го можат и конкурентите Toyota Hilux, Ford Ranger, Isuzu D-Max…

Во секојдневното урбано возење, моделот ќе може да обезбеди сосема коректни 96 километри домет, само на струја.

Од другите специфики, тука се и инфотејнмент системот со големина од 15.6-инчи, дигиталниот инструмент кластер од 10,25 инчи и аудио системот со 14 звучници.

Сеуште немаме информација дали овој пикап ќе може да се порача и добие и кај нас.

Реклама