Leapmotor продолжува да расте

149

Кинескиот производител на автомобили Leapmotor, кој од неодамна направи стратешка соработка со Групацијата Стелантис за продажба на своите возила во Европа и светот, продолжува со својот динамичен раст.

Само во Јуни беа испорачани 93.376 возила, што претставува раст во споредба со претходната година од 95% и е воедно и најуспешниот месец во историјата нa брендот.

Со ова, Leapmotor го заокружува првиот семестар од 2026 година со одлични бројки.

Во вториот квартал од 2026 година, беа испорачани – 246.332 возила (+83,68% пораст во споредба со претходната) а во првата половина (семестар) од 2026 кумулативно беа испорачани 356.487 автомобили (пораст од 95%) споредено со истиот период лани, кога Leapmotor беше прогласен како Бр. 1 Стартап Производител на Нов енергетски возила во Кина.

Од неодамна Leapmotor може да се најде и во нашата земја, преку мрежата на Авто Нова (овластениот увозник и на Citroen, Fiat, Jeep, Alfa Romeo…)

Реклама