Нов Citroen ë-C3 TONIC

681

Citroen на своите клиенти им ја претстави специјалната едиција на моделот C3, под работно име ë-C3 TONIC special edition.

Овој автомобил е наменет за урбаните возачи кои сакаат да се префрлат на струја и бараат соодветни, европски варијанти.

Има пет седишта, јасно изразен дизајн со двотонски обоен покрив, кровни носачи, 10 инчен екран во боја, чувствителен на допир кој гарантира добра поврзаност на автомобилот со мобилните телефони преку Apple CarPlay или Android Auto.

Дизајнот е збогатен и со урбаните светложолти капачиња (мотиви) на предниот браник, а за дополнителен урбан стил се грижи и специјален стикер на столбор на стаклото.

Зависно од потребите и буџетот, клиентите може да изберат

  • Најдостапен модел – ë-C3 Urban Range, опремен со батерија од 30 kWh која нуди до 206 km WLTP (293 km во возење во градот) и DC брзо полнење .
  • Моделот ë-C3 Comfort Range, е опремен со батерија од 44 kWh која нуди до 309 km WLTP (440 km во град)s.

Реклама