Meдиумите од регионот, па и пошироко, ја пренесоа сензационалната вест дека култниот Југословенски автомобил Yugo, се враќа на сцена.
Филозофијата е повторно иста, да се направи најефтиниот автомобил на пазарот.
Најавите велат дека новото Yugo, ќе има цена што почнува од феноменални 12.000 евра, а ќе биде направено како хибрид со потрошувачка од само 2,2 литри на 100 километри.
Засега, целата идеја е само тоа… Идеја.
Концепт. Што треба да биде претставен на Експо 2027 година во Белград.

Се шпекулира дека истиот ќе биде понуден да се произведува во Србија, можеби во соработка со некој Кинески производител на автомобили.
Ова веќе дава нишка остварливост на проектот.
Не е исклучено некој Кинески производител да се реши за редизајн на некој од своите мали, компактни автомобили, да го уптреби добро познатото лого и да го понуди на релативно сериозниот, и емотивно врзан за малото Yugo, екс-Југословенски пазар (од Македонија до Словенија) кој во моментов брои околу 18 милиони жители.
За илустрација, станува збор за еден масивен пазар со потенцијал речиси двојно поголем од Унгарија (9,3 милиони), Грција (10,3 Милиони), Чешка (10,9 милиони), Словачка (5,4 милиони), Бугарија (6,4 милиони).
Потенцијалот на пазарот на поранешна Југославија, во волумен, може да се спореди и со целиот Скандинавски кластер (Шведска, Норвешка и Данска) кои заедно имаат околу 22 милиони жители.
Затоа, оваа идеја воопшто не треба да се занемари, особено ако ја туркаат сериозни луѓе со сериозни идеи.
Сепак, за целата оваа приказна прилог направи и RTL според кој целиот проект, сепак, е далеку од реализација.
Погледнете подолу :














