Сакам BMW Alpina, но…

78

Баварскиот гигант BMW ја претстави својата Vision BMW ALPINA, студија која треба да отвори ново поглавје за брендот дефиниран од екстремни можности, софистицираност и комбинација помеѓу перформансите и комфорот.

За оние кои не се во тек приказната на Alpina започнува во 1965 во малиот Баварски град Бухло, во сенката на Алпите, каде започнува да постои брендот на тјунирани возила.  Во својата историја, Alpina главно беше фокусирана на преработка на BMW автомобилите, и нивно прилагодување за трки, но и за секојдневно возење по автопат.

Оваа 2026 година, BMW ALPINA стана посебен и ексклузивен бренд во BMW Групацијата.

Како што вели Оливие Велехнер, шефот на BMW Alpina, “BMW ALPINA ја пополнува празнината во нашето портфолио помеѓу BMW и Rolls-Royce, особено затоа што гледаме многу поголем потенцијал во овој високо луксузен сегмент. Со Alpina имаме силна традиција и глобална заедница на клиенти и фанови, врз која сакаме да се надградиме, притоа чувајќи ја основата на она за што нашиот бренд се залага –  брзина, комфор и софистицираност”

Веќе во следната година, клиентите ќе може да го видат првиот модел на новоформираниот BMW ALPINA бренд – инспириран од BMW Серија 7, но кој, без дилеми, ќе биде автентичен BMW ALPINA автомобили. 

Да се вратиме на  моделот Vision BMW ALPINA.

Според Адриан Ван Хојдунк, шефот на дизајн на BMW Групацијата “Alpina секогаш претставуваше многу специфична идеја на перформанси и рафинираност, каде брзината и комфорот се взаемно усогласени амбиции. Нашата задача како чувари на брендот е да ја заштитиме оваа различност и да и дадеме модерен контекст – додаде Хојдонк.


Vision BMW ALPINA е долга 5.200 мм. Таа е широка, ниска и самоуверена.

Кровната линија е извајана во форма на купе, а во ентериерот може многу комфорно да се соберат и патуваат четири лица.

Моторот е V8.

Предницата ја дефинираат моќни волумени. Носот е во форма на ајкула, а маската со карактеристичните бубрежиња на BMW е направена како тродимензионална скулптура.

Од оваа точка, носот на ајкулата, екстериерот на моделот се врти околу една замислена оска – оската на брзината.

Издувот останува во онаа препознатлива елиптична форма со четири издувни цевки.

Тркалата се алуминиумски, со големина од 22 инчи напред и 23 инчи на задната оска, со препознатлив Alpina дизајн кој се почитува и применува уште од 1971 година со 20 шилци.

Кабината оддава максимално чувство на комфор, преку големиот простор, квалитетот на материјалите и вниманието со кое се изработени сите детали.


Во визијата е вграден BMW Panoramic iDrive, со нов екран за патникот, и со специјално за Alpina креиран интерфејс.

Vision BMW ALPINA треба да ја испони својата задача, да ги постави контурите на она што во иднина ќе го работи и креира брендот ALPINA, овојпат директно под капата на BMW.

Реклама