Новиот систем кој го најави меѓународната групација Stellantis треба да се имплементира за две години и ќе овозможи возење – од врата до врата, без користење на рацете.
Станува збор за технологијата “Level 2++” што треба да овозможи “hands-free надгледувано автоматско возење од врата до врата на автопат и во урбани средини.”
Level 2++ системот ќе биде развиван во соработка со компанијата Wayve.
Според генералниот директор на Wayve, Aлекс Кендал, веќе е направен првиот прототип на возило од групацијата Stellantis за помалку од два месеци, и кој е поставен на база на Jeep Grand Cherokee.







