Lynk & Co има свој, нов седан

962

Моделот 10, е новиот седан на компанијата Lynk & Co, која се дизајнира и подготвува во Шведска, а се произведува во Кина.

Lynk & Co 10 беше претставен на Саемот за автомобили во Пекинг и со овој модел со вкупна моќност од 924 коњски сили му ја отвори вратата на брендот во сегментот на спортски седани.

Новиот седан е долг 5,050 mm, широк 1,966 mm, висок 1,468 mm и има меѓуоскино растојание од 3,005 mm.

Моделот е погонуван на струја. Основниот модел со погон на задните тркала со електричен мотор кој произвбедува моќност од 407 коњски сили, додека помоќниот испорачува 503 коњски сили.

На врвот е сместен моделот со погон на сите тркала и вкупна моќност од 924 коњски сили, со кои од 0-100 km/h забрзува за 3 секунди.

Промоцијата заврши со едно пријатно изненадување, според кое овој премиум електричен седан, ќе се нуди со стартна цена од околу 29.000 евра во Кина, што е цена неочекувано, многу блиска до другите меинстрим модели.

Реклама