По успешната, 2025 година, во која LIQUI MOLY оствари сериозен пораст на продажбата на моторни масла, адитиви и сервисни препарати од 35% во Македонија, динамиката на раст продолжува со слично темпо и во првиот квартал од 2026 година.
“По сумирање на резултатите од првиот квартал оваа година, бележиме повторно двоцифрена стапка на раст од 20% во споредба со истиот период минатата година.” – изјави Зоран Дочински, комерцијален директор на Ликви Моли Македонија. “Oва е уште една потврда дека сме на вистинскиот пат по кој одиме изминативе, веќе, пет години. Нашите клиенти, крајните корисници, веќе јасно го препознаваат и избираат премиум квалитетот на производите на LIQUI MOLY кои се произведени во една од фабриките на брендот во Германија – Улм или Сар Луис. Без разлика дали се работи за моторни масла, адитиви, масла за менувач или сервисни препарати за сите видови возила на пазарот, производите на LIQUI MOLY се најдобриот избор за подмачкување, ладење и одржување на вредноста на нивните возила.”

“Во успешниот раст на пазарот,огромна е заслугата и на нашите продажни и сервисни партнери во земјата, со кои комуницираме и соработуваме секојдневно. Овие партнери, го промовираат нашиот заеднички бренд, свесни дека на своите клиенти им нудат огромна вредност за вложените пари, што се потврдува и преку сериозната експанзија на LIQUI MOLY во целиот свет.” – додаде Дочински.

Ликви Моли Македонија е ексклузивен увозник и дитрибутер на производите на LIQUI MOLY (со над 4.000 продукти во својата палета) и сестринскиот бренд MEGUIN за Македонија од 2021 година.
За повеќе информации посетете ја веб страната на LIQUI MOLY на следниот линк.







