Новата, електрична Ц-Класа на Mercedes-Benz!

1436

Производната офанзива на автомобилскиот бренд Mercedes-Benz, продолжува со жестоко темпо!

На ред дојде најспортската C‑Class, еден од најзначајните и најпродавани модели на брендот од Штутгарт, кој отсега, за прв пат, ќе може да вози и на струја.

На официјалната промоција на електричната C Класа, генералниот директор на Mercedes Benz, Ола Калениус изјави :

“Целосно новата, електрична C‑Class го редефинира сегментот на електрични возила од средната класа. Клиентите ќе го добијат токму она што очекуваат од оваа нова верзија од саканиот модел : Перфектно стопување на перфорформансите, комфорот, динамиката и интелигенцијата. Дополнително, таа е најмоќниот и најспортски C-Класа што сме ја направиле досега, нудејќи чисто возноз задоволство и врвен домет – сите заедно, совршено засолниште на нашите клиенти. ” 

Што се’ носи новата електрична Ц Класа?

Елеганција со харизма : Новата Ц Класа има атрактивна силуета во форма на купе, нова иконска маска со 1.050 осветлени точки и експресивна GT задница.

Премиум квалитет и врвна изработка. Во компанијата се апсолутно горди на сработеното, како што велат нов репер за премиум квалитет и комфор. За вкупниот впечаток се грижат премиум материјалите, кои дополнително, за оние на кои тоа им е битно, имаат “вегански” сертфикат. Седиштата сеелектронски со лумбарна поддршка, масажа, вентилација а седиштата и 4D звук.

Ново ниво на контрола на климата. Според Mercedes-Benz новата климатска контрола во автомобилот, поставува нови стандарди во класата и двојно побрзо ја грее внатрешноста на автомобилот од моделите со конвенционално погонување, што одлично ќе ви се најде при ниски темпаератури во надворешноста.

Сопствено ѕвездено небо : Романтичните возачи може да уживаат во сосптвеното ѕвездено небо направено од 162 осветлени ѕвезди на SKY CONTROL панорамскиот покрив.

Нов суперекран : За него зборуваат сите. Тој веќе не е супер, туку е MBUX Hyperscreen со големина од 39,1 инчи. Со иновативна матрикс технологија и повеќе од 1.000 индивидуални лед сијалички кои ја подесуваат светлината во амбиентот во внатрешноста, а секако, нуди мноштво информации за возачот и апсолутна забава за сите патници.

Најспортска C‑Class. електричниот седан е екстремно агилен при влегување во свијоци, со редуциран радиус на вртење од 11,2 метри, како и со AIRMATIC воздушна суспензија со превидливо прилагодување на амортизацијата базирана на Car-to-X технологијата и на податоците од Google Maps.

Паметно возење. Како и кај останатите нови Mercedes-Benz автомобили, и електричната Ц Класа има вграден MBUX Virtual Assistant базиран на вештачката интелигенција, кој аможе да прави паметни конверзации, да учи и да еволуира.

За совршени возни перформанси се грижи Mercedes‑Benz Oперативниот Систем (MB.OS) кој нуди и редовни over-the-air апдејтирања на сите софтвери во возилото. Ова ја одржува Ц Класата свежа и во следните години, без притоа за апдејтирање на софтверот да мора да одите во овластен сервис. И тука зборуваме за апдејти на системите за помош на возачот и за забавниот систем во возилото.

Долг домет и брзо полнење. Новиот домет на електричната Ц Класа изнесува 762 километри според (WLTP)  циклусот, што е уште една потврда дека полека се надминуваат сите бариери кои го спречуваат побрзото темпо на имплементација на електрифицираните автомобили во светот. 800 волтната технологија и новата батерија со 94 kWh може да се надополни со енергија доволна за нови 325 километри за само 10 минути.

Повеќе простор, поголема флексибилност и корисност. Сега новата Ц Класа благодарение на поголемиот простор, поголем багажник, најголемиот во класата преден багажник (frunk) од 101 литар и можноста да се влече приколка со маса од 1,8 тони, можност за влечење на џет ски или мал глисер, има навистина многу можности и опции.

Многу системи за многу безбедност. Во електричната Ц Класа се вградени голем број на активнии пасивни сстеми за безбедност.

Импресивен иконски дизајн

На премиерата на овој нов модел на Mercedes се огласи и Бастијан Бауди, главниот дизајнер на компанијата од Штутгарт кој изјави :

“Со новата електрична C‑Class, испративме силна порака – ја реинвентираме класичната елеганција за електричното доба. Таа е изразена, има силуета во форма на купе, скулптурирана со силни површини и мускуларeн лак на тркалата, што прави моќна, емотивна привлечност. Од иконската осветлена маска до светлата во форма на ѕвезда, секој детал моментно ја симболизира новата ера на Mercedes‑Benz.”

Новата електрична архитектура нуди и нови димензии. Меѓуоскиното растојание е 2,962 милиметри што е за 97 милиметри подолго од конвренционалните Ц Класи.

Ова особено се одразува на комфорот на предните патници кои имаат за 12 милиметри подолг простор за нозете, а и максималниот простор за главата е за 22 милиметри повисок во предниот и за 11 милиметри повисок на задниот дел, што го прави патувањето уште покомфорно.

Покрај предниот багаѓник од 101 литри, во багажникот че најдете простор за товарање од 470 литри.

Реклама