Maybach ги задржува V12 моторите

27

Додека Европа прави се’ во својата моќ и бирократските инструменти присилно да ја наметне електрификацијата и целосно исфрли моторите со внатрешно согорување, Maybach потврди дека за некои пазари остануваат во игра масивните V12 мотори.

Новата Меrcedes-Maybach S Класа, повеќе и да сакате, не можете да ја набавите со 12 цилиндерски мотор во Европа.

Во исто време, во Сеодинетите Американски Држави, Кина, Јапонија, Јужна Кореја и на Блискиот Исток, врвот во понудата на мотори останува.

Во врска со ова, шефот на Maybach, Маркус Бауер, изјави дека зад одлуката да остане V12 за САД, се крие едноставна бизнис логика. Клиентите го обожаваат овој мотор и оние што еднаш возеле V12 нема да ги натерате да одат на V8 (мотор со осум цилиндри).

Во Америка, 6,0 литарскиот V12 мотор има моќност од 621 коњски сили (463 kW) со вртежен момент од 900 Nm, и го погонува врвниот модел Maybach S680.

Онаму каде што се воведени посериозни норми за издувната емисија се нуди и верзија на V12 моторот со 603 коњски сили (450 kW), a во Европа се постигнуваат истите спецификации за моќноста, но со V8 благ хибриден мотор.

Во палетата се вклучени и благиот хибриден мотор со зафатнина од 4 литри V8. А понудата завршува и со 3.0 литарски плаг-ин хибриден мотор.

Реклама