LIQUI MOLY Македонија со нова понуда за сервисери

414

LIQUI MOLY Македонија, ексклузивниот увозник и дистрибутер на производите на LIQUI MOLY и MEGUIN за Македонија, има нова понуда за своите сервисни партнери.

Во неа се вклучени само мал дел од палетата на брендот (моторни масла, масла за менувачи, адитиви, сервисни препарати, опрема за сервисирање…) кои се произведени во фабриките на LIQUI MOLY во Улм и Сарлуис (Германија).

Германското потекло, потврден и сертифициран квалитет, богатата палета од над 4.000 артикли и долгогодишната традиција во бизнисот го прават LIQUI MOLY еден од најдоверливите брендови во Германија и светот.

Потврда за ова е и наградата Најдобар бренд во својата класа, во изборот на читателите на многу специјализирани списанија во Германија како што се Auto Bild, Auto Zeitung, Auto Motor und Sport, Motor Klassik, Motorrad… 15 години по ред!

Покрај одличните цени на премиум производите, LIQUI MOLY Македонија, на своите сервисни партнери им нуди и голем број на дополнителни поволности – попуст на цените, можност за брендирање на објектите (рекламни табли, знамиња, сталажи, постери…), маркетинг поддршка, едукација и тренинг.

Дополнително, LIQUI MOLY на своите сервисни партнери им нуди одлична можност за среќни и задоволни клиенти (поради врвниот квалитет на производите) како и мноштво алатки за дополнителна заработка и профит.

Покрај стандардните пакувања, своите производи LIQUI MOLY ги нуди и во сервисна амбалажа (буриња), а адитивите со кои се превенираат или решаваат мноштво проблеми (затнат dpf, нечисти дизни и инјектори, бучавост, прекумерна потрошувачка на масло и гориво, капење на масло, лоша работа на менувачот…) може да се набават и во специјални Pro-Line пакувања, специјално наменети за сервисни интервнеции.

Погледнете ја и Сервисната понуда на следниот линк.

A повеќе информации можете да најдете и во продажно сервисната мрежа на LIQUI MOLY на следниот линк.

Реклама