Koрејски хибрид со Кинеско срце

105

Автомобилскиот бренд KGM, сеуште познат во автомобилските кругови како SsangYong, Корејскиот производител на моќни, неуништливи, спартански теренци, се чини дека сеуште го бара вистинскиот правец за понатамошен развој.

Зад себе Корејците сега ја имаат и финансиски моќната Korean KG Group која се занимава со хемикалии, челик, финансии и која се чини дека сака целосно да го смени имиџот на брендот, кој дефакто го доведе Ssang Yong до банкрот.

Еден од џокерите за остварување на оваа цел, се чини дека е новиот SUV во купе форма – KGM Actyon, кој е заснован на моделот Torres, првиот автомобил лансиран за време на новата управата на компанијата.

За моделот Actyon, КGM направи соработка со BYD и го обезбеди новиот хибрид, со почетна цена од €44,890.

Како и сите кинески автомобили кои ја користат хибридната технологија, и Actyon носи бензински мотор со зафатнина од 1,5 литри, комбиниран со електромотор кои заедно испорачуваат моќност од 150 kW/204 коњски сили.

Потрошувачката на гориво изнесува 6,1 литри на 100 километри, што е исклучително пристојно за целосно опремен, голем SUV.

Moделот изобилува со системи за асистенција на возачот како што се Систем за одржување на возилото во коловозната лента, предупредување за растојание, мониторинг за замор на возачот и бројни други системи.

Eнтериерот е пристоен, со два големи екрани кои нудат мноштво информации и забавни системи, иако воланот делува некако рустично и со помалку чуден невообичаен шестоаголен облик, со многу копчиња на него.

Комплетен впечаток е дека со Actyon Hybrid се остварува основната цел – на клиентите да им се понуди пристојна вредност за вложените средства.

Ако сепак сметате дека цената е превисока за вшиот апетит, тука е Torres Hybrid по цена од €33,000,

Реклама