Наплатените царини од Трамп, сега мора да се враќаат!

154

Со екстремно високите царини, кои Администрацијата на Трамп ги воведе минатата година за многу странски држави, се направи вистински хаос во речиси сите индустрии.

Се чини дека најпогодена беше токму автомобилската, особено онаа од Европската Унија, што јасно се гледа во финансиските извештаи и биланси за 2025 година кај најголемиот број производители од нашиот континент. Во своите обраќања кон јавноста и акционерите, најголемиот број на директори, редовно ги нотираа токму царините на Трамп, како неочекуван надворешен фактор поради кој не се остварени очекувањата и поради коие намалена профитабилноста.

Наметнатите царини, голем број на производители на автомобили, ги апсорбираа самите и на своја штета, оставајќи ги цените на истото ниво како претходно, плашејќи се дека екстремното поскапување ќе ја намали нивната продажба и сериозно загрози нивната продажно сервисна мрежа.

Но секако, имаше и такви, кои решија соодветно да ги зголемат цените или воопшто да не извезуваат возила во САД.

Царините на Трамп се незаконски

Но, откако Врховниот Суд, донесе одлука дека имплементирањето на царините било незаконско и дека Претседателот и неговата администрација воопшто немале право да направат таков преседан, САД се соочуваат со една нова голгота.

Штом е донесена одлука дека царините се назаконски, следува логичен епилог – незаконски платените средства треба да се вратат.

Тоа значи дека сите импортери на возила од странство и дилерствата, имаат право да ги вратат парите кои биле незаконски платени по основ на повисоки царини.

Околу 56,497 импортери на возила се ријавиле за обештетување, а рефундирањето на парите исплатени за повисоки царини се проценува дека ќе достигне околу 166 милијарди долари.

Покрај платените средства, импортерите ќе имаат право и на камата за средствата кои ќе бидат предмет на обештетувањето.

Во оваа фаза, нема одлука да се обештетуваат и производителите на возила од други држави, но новиот финансиски прилив кај нивните импортери и партнери, логично е да направи еден буст во зголемени порачки, поголем лагер на возила и подобро користење на производните капацитети.

Реклама