Електричните возила – задолжителни за компаниите?

191

Според реномираниот Ројтерс, во Европската Унија се подготвува нов драконски закон, со кој треба, на мускули, да се форсираат електричните возила.

Извештајот вели дека овој закон треба да ја стимулира иновативноста и креативноста во авто индустријата, истовремено усогласувајќи ја истата со целите за заштита на животната средина на ЕУ.

Со овој закон преку повеќе мерки – стимулирање, дестимулирање и задолжителни таргети, компаниите ќе бидат обврзани да купуваат електрични возила како дел од нивните флоти.

Според планот, сите компании со повеќе од 100 возила во својата флота, задолжително ќе мора етапно да се префрлаат на електрична енергија.

Планот оди и чекор понатаму, наметнувајќи ја идејата од 2030 година натаму, секоја компанија со флота над 100 возила, да мора да купува само електрични нови возила.

Речиси е сигурно дека компаниите ќе добијат обврска, процент или квота од своите возила, кои задолжително треба да бидат електрични. А сосема логично, ако овие таргети не се фатат, компаниите ќе бидат обврзани да плаќаат казни и пенали.

Причината зошто компаниите се таргет на овој нов закон во најава е факот што 60% од новите регистрации во Унијата, доаѓаат токму од корпоративниот свет.

Направена е проценка дека ваквиот закон ќе ја стимулира и побарувачката и продажбата на електрични возила произведени во Европската Унија, а по 2030 година, се претпоставува дека за задоволување на овие норми ќе бидат потребни најмалку 2 милиони електрични возила.

Ова пак, ќе треба да биде дополнителен стимул за авто индустријата на нашиот континент која мака мачи последните десетина години.

Реклама