Кинескиот производител на автомобили Geely, објави дека неговиот модел – Emgrand, официјално е продаден во 4 милиони примероци во светот.
Моделот почна да се продава во 2009 година, успеа за седум години во 2026 да ја оствари бројката на 1 милион продадени автомобили, а до денес, овој автомобил го купиле и возеле 4 милиони возачи.

Оваа година, моделот Geely Emgrand, доби и фејслифт, во својата четврта генерација, а за прв пат, освен во Кина, започна да се произведува и во Египет.














