Според последните информации, BMW Групацијата од Штутгарт, ќе соработува со Rimac Technology (Хрватска) на новиот, комплетно електричен BMW i7.
Ако за Rimac Теchnology и златното момче од Хрватска, Maте Римац, знаеме доста, некако тивко и ненаметливо, на 14 Мај оваа година, по одлуката на надзорниот одбор, на врвот на BMW ќе се искачи машинскиот инжинер со потекло од Крушевац, Милан Недељковиќ.

Недељковиќ, како долгогодишен вработен во BMW, врвен инжинер кој своите студии ги завршил прво во Германија, а подоцна и на престижниот MIT во Масачусетс, Америка, ја превзема лидерската позиција од неговиот претходник Оливер Зипсе, кој по 35 години на врвот на Баварскиот гигант, заминува во заслужена пензија.
Недељковиќ влегува во BMW како обичен приправник во 1993 година, по што започнува да го билда своето CV како шеф на повеќе производни одделенија, а подоцна и како директор на фабриките во Лајпциг и Минхен.
Во меѓувреме го завршува својот докторат во Минхен.
Од 1 Октомври 2019 година, Недељковиќ станува член на бордот на Менаџери на BMW Group, од каде наскоро ќе ја превземе лидерската позиција во BMW.

Извесно е дека овие два супер ума од поранешните Југословенски простори ќе имаат можност за долга и плодотворна соработка.
Улогата на RIMAC, во проектот наречен i7 ќе биде да се обезбеди високо волтажна единица за складирање (батерија) со поголем домет и пократко време на полнење за новиот, целосно електричен BMW 7 Series Sedan.
Шестата генерација на BMW eDrive технологијата (Gen6) ќе се најде во врвниот, комплетно електричен модел во форма на литиум јонска цилиндрична ќелија. Ќелијата, покрај другото, ќе се одликува со повисока волуменозна густина споредено со ќелиите во форма на призма кај петата генерација – Gen5.

Светската преиера на BMW i7 ќе се одржи на 22ри Април, 2026 година во Пекинг.
Високо волтажната батерија ќе се произведува во погонот на Rimac Technology во Хрватска и ќе биде спремен за монтирање во фабриката на BMW Group во Динголфинг.

Во врска со проектот, Мате Римац изјави: “BMW отсекогаш беше познат по тоа што го турка инжинерството на највисокото можно ниво, што оваа соработка за нас ја направи особено возбудлива. Заедно, развивме високо волтажен батериски систем кој го отклучува целиот потенцијал на новите цилиндрични ќелии во рекордно време, испорачувајќи подобрување во енергијата, рангот и перформансите на полнење.
Горди сме што овој систем ќе се произведува во нашиот нов Римац Кампус.”

Rimac Technology, како дел од Групацијата Rimac, е специјализиран во сферата на електрификацијата во автомобилскиот сектор со иновативни производи.
Емотивнa врска на Мате со BMW
Интересно е да се потсетиме дека животната приказна на Балканскиот Маск, почнала на само 19 години, кога во обична гаража ја конвертирал својата BMW “тројка” и од неа направил електричен автомобил кој подоцна урна и неколку рекорди во светот на електричните автомобили.
На 23 години го имаше и својот суперавтомобил на електричен погон наречен Concept One.
А нешто подоцна го лансираше и првиот хиперавтомобил во своевидно сериско производство – Rimac Nevera.
Други содржини на нашиот сајт :







