На крајот на месец Март, според информациите споделени од платфомата Carvago, околу 26% од вкупната продажба на користени автомобили биле со електричен погон.
Во овој тренд најпродаван автомобил е VW ID.4
Корисниците на мрежата Carvago, очигледно реагираат на геополитичкиот хаос во моментов и на растечките цени на горивата, избирајќи ги електрифицираните автомобили. За тоа сведочи и порастот на продажбата од 18 проценти во Јануари на 26,4 проценти пазарен уддел во Март.
Највеќе се бирале автомобилите стари околу четири години, со изминати околу 55.000 км и кои чинат околу 21.000 евра.

Во листата на најпродавани електрични автомобили покрај лидерот Volkswagen ID.4, следуваат и покомпактниот ID.3 и Tesla Model 3. Листата на најпродавани електрични користени автомобили ја комплетираат и автомобилите Hyundai Kona и Kia Niro.







