Италијанскиот супербренд Ferrari, подолго време, го подготвува својот прв целосно електричен автомобил.
Имајќи го предвид спорото темпо на развој на електричните атомобили во светот, ако за некои првиот електричен Ferrari доаѓа со задоцнување, за други веројатно со стратешко точно димензиониран тајминг.
Веќе го знаеме името на првиот електричен автомобил со разиграното коњче на предната хауба. Електричниот Ферари ќе се вика Luce (во превод светлина).
А знаеме и дека на неговиот ентериер работеше студиото LoveFrom на Џони Ајв, човекот кој беше главниот одговорен инжинер за развој нa модерниот I-phone и Apple phone.

Интересна е неговата изјава за Top Gear – “Практично и функционално, кај колите не функционираат големите екрани чувствителни на допир. За мене тие се лесни и мрзеливи. Тоа место треба да блика од стил и мода.”
Во дизајнот на ентериерот на електричниот и долгоочекуван Luce, тој, заедно со неговиот колeга и косопственик Марк Нусон, се посветиле максимално, со внимание на секој мал детал, како да изработуваат часовник или камера и притоа јасно e забележлива нивната цел – да ги искомбинираат модерното (екраните чувствителни на допир) со традициоалните копчиња и прекинувачи.

Од нивната визија роден е и трокракиот метален дизајн на воланот, во кој се вметнати физички копчиња за модовите на возење, бришачите, трепкачите.
Зад воланот се сместени дигитални инструменти со кружни OLED панели од Самсунг и високо квалитетно стакло пред нив.

Повеќе за дизајнот наFerrai Luce, погледнете во нашата епизода од Темпо Магазин :







