Нови проблеми за Американскиот производител на електрични автомобили Tesla.
Иранската Исламска Гарда (IRGC) ја посочи компанијата на Елон Маск, како една од високотехнолошките компании кои може да бидат таргет на нивните напади.
Според известувањето од (IRGC), сите компании, кои според нив, им помагаат на САД во нападите, обезбедувајќи им вештачка интелигенција, комуникациска технологија, разузнавачки операции и услуги, се легитимни можни цели за напад.
Како што велат во известувањето, за секој еден убиен воен лидер во Иран, ќе биде уништена по една од овие компании.
Покрај Тесла, на оваа листа се наоѓаат и компаниите – Cisco, HP, Intel, Oracle, Microsoft, Apple, Google, Meta, Dell, IBM, Nvidia, Palantir, General Electric, JPMorgan Chase, Boeing, и Spire Solutions.
Иако централата на Тесла сенаоѓа во Америка, свои претставништва има отворено во повеќето земји од Блискиот Исток како што се Дубаи, Абу Даби, ОА Емирати…














