Oваа електрична Toyota можете да ја купите за “џабе”

4246

Но… сето ова важи, само ако живеете во Кина.

Во чест на јубилејот – 80.000 продадени автомобили во првата година, компанијата која настана со заедничкото вложување, GAC Toyota на своите клиенти им одобри специјален, дополнителен попуст.

Со тој попуст, верувале или не, моделот bZR во седанска изведба, можете да го добиете за цена која можеме само да ja сонуваме во Европа – за неверојатни – 11.800 евра!

И без дополнителниот попуст, автомобилот има одлична цена од само 13.800 евра.

И да… нема грешка. Зборуваме за модел на струја!

Додека европските производители мака мачат на своите најмали урбани автомобили да ја постигнат, според нив, продажната таргет цена од 20.000 евра, Toyota на своите клиенти во Кина им нуди одличен седан за само 11.800 евра!

Во позадината на овој електричен седан се крие Blade батеријата на BYD со две батериски опции. Со капацитет од 49.9 kWh или 65.3 kWh. Зависно од конфигурацијата моделот има автономија од 517 km до 616 km.

Дополнително, во седанот добивате и 15.6 инчен инфотејнмент екран чувствителен на допир и полу-автономни возни перформанси.

Сакате SUV? Нема проблем

За оние кои преферираат SUV возила, а очигледно има многу такви и во Кина, бидејќи ова е најпродаваниот модел на новата авто компанија, тука е и SUV верзијата – bZ3X SUV .

Стартно, моделот започна да се продава по цена од 13.800 евра, доволно атрактивна за да биде на врвот на продажните резултати во Кина, од септември наваму.

Со специјалниот попуст, bZ3X SUV чини нешто помалку од 12.600 евра!

Основниот модел е опремен со батерија од 50 kWh, доволна за автономија од 430 километри.

Погонуван е од еден мотор кој испорачува 221 коњски сили.

Реклама