Во BMW нема простор за импровизации.
Техничките служби во компанијата сериозно внимание им посветуваат на деталите, а во сложениот процес на дизајнирање и контрола, се внимава и на квалитетот на воздухот во внатрешноста на возилата.

Емисијата од материјалите, како и влијанието на температурата и влажноста, сите овие фактори директно влијаат на патниците. Затоа во BMW сериозно се внимава на изборот на материјалите, за да се избегнат емисии кои може негативно да влијаат на здравјето.
За таа цел се развиени посебни тест методи со кои се мерат и вреднуваат емисиите и миризбата во ентериерот на возилото, а во кои се применуваат најновите истражувања од областа на токсикологијата и здравјето.

Целта на анализата на емисијата и аромите во ентериерот е да се обезбеди автентичен, дискретен и високо квалитетен мирис во внатрешноста на возилото, со што ќе се гарантира здравјето на патниците, но и нивното уживање. Притоа, намерно се избегнува употребата на вештачки мириси и ароми.
Како што велат експертите на BMW од оваа област – мирисите делуваат директно на лимбичкиот систем, стимулираат емоции и спомени и делуваат директно на субјективното чувство на безбедност.

Затоа пријатниот и суптилен мирис е дел од премиум искуството кон кое тежнее брендот BMW.
Сопствена лабораторија за мириси
Затоа, во BMW постои сопствена лабораторија за мириси, во која материјалите, компонентите и комплетниот интериер се тестираат под реалистични услови. Анализите се прават со најсовремена опрема и технологија, а тука се и експертите на BMW со софистицирана и тренирана сензорна евалуација.

Mирисот се смета за дел од мулти сензорното, холистичко искуство.















