Резултатите од една анкета во Велика Британија, која ја работи тематиката дали се користат мобилните телефони додека се вози, се во најмала рака алармантни.
Според ова истражување, 90% од возачите не можат да издржат, и додека возат, задолжително гледаат или во најмала рака погледнуваат во својот смартфон.
Ова е исклучително алармантно, ако се знае фактот, дека користењето на мобилен телефон при возењето, станува и најчеста причина за сообраќајни незгоди, дури поопасна и од возењето под дејство на алкохол и дрога.

Истражувањето го направил реномираниот магазин Daily Mail, и според истражувањето 9 од 10 луѓе, задолжително го вртат својот фокус кон екранот на телефонот.














