VW Group преговара со Трамп

89

Високите царински стапки кои ги воведе администрацијата на Доналд Трамп направија вистински хаос во автомобилската индустрија.

Се чини дека од високите царини на увезените автомобили и резервни делови, настрадаа сите, а особено сериозни последици почувствуваа големите производители на возила од ЕУ кои немаат фабрики во Америка.

Меѓу нив, секако е и VW Групацијата, која поради царините од 25% запре контингенти возила кои не беа произведени во САД, а беа наменети за тој пазар.

Како што отворено сподели Трамп, високите царини беа воведени за да се натераат производителите кои на Американскиот пазар гледаат како на сериозен трговски партнер и потенцијал, да префрлат дел од своето производство таму.

Преговори за нова фабрика

Според последните информации, VW Групацијата е во сериозни преговори со Трамп, кој по жестоките реакции од сите страни, ги омекна своите ставови и почна да прифаќа разговори и преговори со земјите, владите и економските субјекти.

Наводно се преговара за отворање на нова фабрика во која ќе се произведуваат автомобили од брендот AUDI.

Audi е исклучително популарна марка во САД, а сеуште нема фабрика во таа земја, како што на пример има Volkswagen.

Имајќи предвид дека отворањето на фабрика не е лесен и брз процес, се шпекулира, а и сосема логично е да се претпостави дека во моментов се преговара за евентуални изземања од новите тарифи, доколку се почитува одредена динамика на пуштање на новиот производствен погон.

Реклама