Italdesign – ставен на продажба?

86

Култната Италијанска компанија Italdesign, која денес вработува околу 1.000 луѓе, вработени во Европа, Кина и САД, според Италијанските синдикати, најверојатно ќе биде продадена од страна на сегашниот сопственик AUDI.

Oваа информација се прошири по лошите резултати во 2024 година на AUDI, поради кои компанијата најавува сериозни планови за кратење на трошоците. Како дел од оваа агенда е предвидено до 2029 година да се скратат 7.500 работници само во Германија.

Italdesign која беше основана во 1968 година, и во целиот овој период сериозно соработуваше со Volkswagen, особено при дизајнот на правата генерација на Golf и Passat.

Низ годините, Аudi купувајќи акции освои околу 90,1%, за во 2015 година, да ја превземат комплетната сопственост и управување со фирмата.

Реклама