Вака ќе изгледа новиот BMW X6!

352

Баварскиот џин BMW неодамна ги објави деталите околу својата нова X5-ка, во која се сериозно вградени елементите на дизајнерската филозофија на BMW наречена “Новата Класа” или Neue Klasse.

Впечатоците на јавноста сеуште не стивнаа по објавата на X5, a глобалната интернет мрежа веќе објави фотографии и за тоа како ќе изгледа идната BMW X6!

Oва не се официјални фотографии на BMW, туку се рендери на фриленсери, кои на моделот X6, луксузниот SUV Coupe кој постои две декади, ги вградија новите елементи од “Новата Класа”, како и неколку детали од веќе објавената X5-ка, меѓу кои највпечатливи се дневните светла во форма на буквата “X” за која многумина сметаат дека намерно потсетува на новото лого на компанијата Тwitter на Елон Маск.

За новата X6 логично е да се очекува дека ќе може да се избере со бензински и дизел мотори, на некои пазари во плаг-ин хибридна верзија, а секако на располагање ќе биде и сосема елекричната верзија, кој веројатно ќе го носи името iX6, и ќе ја користи 800 волтната архитектура на Новата Класа.

Реклама