Внимание! Пристигнува најмоќниот Кинески старт ап со европски шмек!

294

Групацијата STELLANTIS е еден од најголемите европски автомобилски конгломерати во која членуваат брендови како Peugeot, Citroen, Opel, Fiat, Alfa Romeo, Abarth, Maserati, Jeep, Chrysler…

Oд неодамна, во оваа групација влезе и Kинескиот производител на електрични возила LeapMotor.

Leap Motor и Stellantis направија нова компанија како заедничко вложување, која го носи името Leap Motor International и кон крајот на минатата, 2024 година доnесоа одлука заеднички да настапуваат на европскиот и светски пазар.

Очекувано, во новата компанија, Стелантис учествува со 51%, што значи дека ја има главната улога во носењето на стратешки одлуки.

Планот е автомобилите на Leap Motor International да се извезуваат во Индија, Азија Пацифик, Африка, Јужна Америка, Блискиот Исток и се разбира, Европа.

За почеток, европскиот пазар требаше да ги добие двата модели – T03 и C10, таканаречените нови енергетски возила чија популарност и продажба во Европа се во континуиран подем.

Електричните автомобили на Leap Motor требаше да се нарачуваат и продаваат преку дилерската мрежа на Stellantis.

Во Јуни, 2025 година, луѓето од Leap Motor објавија дека веќе се отворен 1.500 глобални салони, брендот е веќе присутен во 30 меѓународни пазари и има повеќе од 600 продажни и сервисни центри во целиот свет.

Во Европа, за да се засили изабрза пенетрацијата на пазарите се избрани неколку регионални дистрибутери како шт се Gowan Auto во Ирска, групацијата Emil Frey која ги покрива – Чешка, Словачка, Словенија, Унгарија и Хрватска, а од неодамна имаат партнер и во Бугарија – компанијата SFA Auto.

Малиот LEAP MOTOR T03

Моделот T03 е – 5 вратен, мал електричен автомобил кој се натпреварува во  Б сегментот, и кој според WLTP стандардите треба да поминува 265 километри со полна батерија, а да чини нешто под 19.000 евра.

Тој е мал, компактен и фукционален електричен автомобил кој може идеално да се справи со градските мешаници. Благодарение на иновативниот Маgic Space System, багажникот кој стандардно има волумен од 210 литри, може да се трансформира и во мал карго автомобил со волумен за носење багаж од 508 литри.

Она што го рави дополнително допадлив е и големиот панорамски сончев кров  со големина од 42 инчи кој ја полни вантрешноста со светлина, ви дава чувство на отвореност во возењето и ви дава можност да уживате во пејсажите додека возите..

Како и секој модерен електричен автомобил во внатрешноста Leap Motor T03, нуди многу забава и конективност за новите генерации.

Во централниот дел е поставен екран чувствителен на дпир со големина од 10 инчи, во кој можете да ја следите навигацијата, инфотејнмент системот, можете да ја подесувате климата и многу други нешта.

Со далечинската контрола, преку апликација на мобилен телефон можете од далечина да ги отварате и затварате вратите или однапред да ја сетирате климате во автомобилот.

Секако, значајни се и системите за активна безбедност, од кои кај Т03 се вградени

  • Адаптивен Темпомат или круз контрол (ACC) – кој ја одржува безбедната дистанца од возилата пред вас.
  • Предупредување при опасност од судар напред  (FCW) 
  • Автономно сопирање во случај на опасност (AEB) 
  • Предупредување за излегување од коловозната лента – Lane Departure Warning (LDW) 
  • Детекција во мртвата точка на ретровизорите (BSD) 

Инаку, T03 е опремен со електричен мотор од 70 kw. Koга е тоа потребно, полнењето на батеријата од 30 до 80 % се прави за околу 36 минути со брзите полначи на батерии.

Toкму Т03, неодамна го доби признанието на ECOBEST Предизвикот во 2025 година, организиран од независната организација AUTOBEST, како автомобил с најдобри перфроманси во сегментот на електрични автомобили. На тестирањето Leapmotor T03 покажа дека има EcoC 1 Индекс од 109.43%, што значи дека во реалноста автомобилот поминал повеќе километри од оние кои се декларираат според WLTP стандардите. Конкретно, автомобилот поминал 290 километри со што се надминати декларираните 265 километри со полна батерија.

Големиот LEAP MOTOR C10

C10, пак е SUV со ранг од 420 километри, со сериозно ниво на опременост и цена од околу 36.400 евра.

Во Март, оваа година меѓународните новинари, можеа да го видат и возат моделот C10, но во варијантата – Range-Extended EV (REEV),одлично решение за оние коиминуваат поголеми дистанци.

Автомобилите со Range-Extended технологија, имаат поголеми батерии што нудат поголема автономија во возењето, кои се спарени и со мотор со внатрешно согорување кај моделот се работи за 1,5 литарски мотор.

Во старт, автомобилот работи и тркалата се вртат прво на струја, а кога батеријата ќе ослабне, се активира моторот со внатрешно согорување кој генерира електрицитет, кој потоа се складира ово батеријата.

Оваа технологија треба да му овозможи на Leap Motor C10, ранг до околу 970 километри.

Новинарите го возеа C10 на патека од околу 500 километри во Шпанија од Барселона до Валенсиа, на Медитеранското крајбрежје, а нивните впечатоци беа главно позитивни.

Leap Motor, оваа година оствари уште еден огромен резултат. Тој го освои првото место, според вкупниот волумен на продажбата помеѓу сите старт ап компании во Кина кои произведуваат Нови енергетски возила (скратено – NEV).

Само во месец Јуни 2025 година, беа продадени вкупно 48.006 автомобили, што претставува пораст од година во година од 138%, со истовремено континуиран пораст на продажбата во секој месец оваа година.

Вкупно, во првиот семестар бројката на продадени автомобили на Leap Motor изнесуваше сериозни 221.664 продадени возила, што е апсолутен рекорд и најдобра бројка од сите останати старт ап конкуренти во Кина.

Според плановите на Leap Motor, 2025 година би требало да се заврши со продажба на околу 500.000 автомобили, што е сериозен скок во споредба со минатата, 2024 година кога беа продадени околу 300.000 автомобили.

Реклама