Ако сте решиле во новата сезона, за вашето возило да набавите две нови гуми и да ги пензионирате старите, логично се поставува прашањето на која оска истите треба да се монтираат?
Експертите велат дека новите гуми, задолжително треба да се постават на задната оска на автомобилот, без разлика дали автомобилот има преден или заден погон.
Причината поради која новите гуми треба да се постават на задната оска е затоа што истите, ќе обезбедат поголема стабилност на возилото, и ќе го намалат ризикот од занесување на задниот дел од колата. Ваквиот совет го дава експертот од Michelin , Брајан Портоуз за магазинот Auto Express.
Според него, ако задните гуми се истрошени или излижани, тие може да предизвикаат губење на контролата и пролизгување, особено во ситуации на нагло кочење или управување по мокар коловоз.
Истото правило важи и за возилата со погон на сите тркала (4×4). И кај нив стабилноста доаѓа од задната оска, додека предната оска и гумите поставени на неа, повеќе влијаат на управливоста на возилото.







