Германскиот производител на луксузни автомобили, Audi, направи мало освежување за својот електричен бестселер Q4 e-tron.

Освежувањето највеќе го опфаќа ентериерот, каде можме да забележиме освежен дигитален редизајн, интуитивни контроли и одличен простор и комфор во возењето.
“Со ова производно унапредување, Audi Q4 e-tron не е само помодерен и поатрактивен во дизајнот, туку особено импресивен и со подобрен ентериер,” изјави Марко Шуберт, Член на Бордот на Директори за Продажба и Маркетинг. “Новите својства и бројни подобрувања на возилото го прават влезот во електрификацијата во Ауди брендот уште поатрактивен – како за семејства така и за нашите флотни клиенти.”

Audi го нуди Q4 e-tron како SUV и Sportback варијанта на каросеријата.
Двете варијнати се опремени со два типа на батерии со капацитет од : 63 kWh и 82 kWh во бруто вредност.
Q4 e-tron е првиот Ауди што го нуди двонасочното полнење – бидејќи неговата високоволтажна батерија може да прима енергија од електричната мрежа, а може и да ги храни другите надворешни уреди.
На пример Vehicle-to-Load (V2L) функцијата овозможува полнење на електрични велосипеди преку посебна електрична приклучница во багажникот, или со посебен адаптер преку точката за полнење на батеријата,

Во Германија, Австрија и Швајцарија, Q4 e-tron може да служи и како домашна батерија со која можете домаќинството да го снабдувате со струја преку Vehicle-to-Home (V2H) системот.
Она што веројатно најмногу ги интересира клиентите на електрични возила, дометот, сега кај Q4 Sportback e-tron изнесува до 592 километри.

Во некои варијанти, полнењето на батеријата од 10 до 80 проценти се прави за околу 27 минути.
Кај моделот Q4 Sportback e-tron quattro performance, на пример, нови 185 километри домет можете да додадете преку батеријата со нејзино полнење за само 10 минути.
Со Q4 e-tron можте да влечете приколка со маса од 1.800 килограми, плус дополнителни 400 килограми ако возилото е со quattro drive систем, или погон на сите тркала.
Стандардна е електричната задна хауба, со нејзиниот багажник со волумен од 515 литри, кои со спуштање на задните седишта отвараа простор за товарање од 1.487 литри.

Во редизајнираниот Q4, најголемите промени се случуваат во ентериерот.
Внатре е поставен новиот панорамски дислеј со инструмент кластер зад воланот од 11.9 инчи, и во централниот дел – 12,8 инчен мултимедијален екран чувствителен на допир.

Дисплеј може да добие и совозачот, со големина од 12 инчи, како опција.
Како и кај останатите возила од оваа класа, преку ChatGPT интеграцијата, можете директно да комуницирате со возилото и да ги барате сите информации кои ве интересираат за патот, рутата, околината и други работи.
Во новата централна конзола ќе најдете и две места за индуктивно полнење на мобилни телефони, секое со моќ од 15 вати.

Од другите елементи кои ги носи освежувањето на моделот тука се предните, дигитални LED дневни светла, со сегментирана технологија која креира посебни светлосни потписи, а кои се избираат преку мултимедијаниот систем.
Во задниот дел се поставени OLED задните светла од втората генерација, кои значајно ги подобруваат безбедноста и фунционалноста. Тука се и опционалните светла кои го предупредуваат возачот зад вас дека се на небезбедно растојание од вашето возило.

Во Германија Audi Q4 SUV e-tron со батеријата од 63 kWh (бруто) ќе има стартна цена од 47,500 евра.
Моделите со погон на сите тркала на SUV верзијата ќе чинат 55.900 евра и 59.000 евра.
За Sportback варијантите се доплаќаат дополнителни 1,950 евра.







