Елтон Џон го продава својот Астон Мартин

155

Легендарниот Британски пејач и артист Елтон Џон, се збогува со својот легендарен Британски автомобил – Aston Martin V8 Vantage V550.

Автомобилот е обоен во црна боја, има црн кожен ентериер и е погонуван од 5,3 литарски твин турбо V8 мотор, со 558 коњски сили, спарен со 6 брзински мануален менувач.

Погонот на овој Астон Мартин е на задните тркала.

Моделот е исклучително редок и произведен во само 239 примероци, што секако, го прави исклучително вреден.

Верувале или не, со него Елтон Џон, од 1997 година до денес поминал само 15,900 km.

Реклама