Сериозен раст на продажбата на OPEL

161

Германскиот бренд Opel ги објави своите резултати од првиот квартал на 2026 година и прикажа раст од речиси 8% (во глобални) а околу 18% во Европски рамки, во споредба со истиот период (јануари – март) претходната година.

Вкупно, продажбата пораснала за 157.000 автомобили и лесни комерцијални возила.

За порастот, особено се одговорни трите SUV модели – Моkka, Frontera и Grandland, кои беа лансирани минатата 2025 година и кои пораснаа со двоцифрена бројка во процентни поени, спордено со претходната година.

Особено се истакнува успехот на новата Frontera, која во Велика Британија (под брендовското име Vauxhal) е најпродаваниот целосно електричен B-SUV.

Расте побарувачката и продажбата и на бестселерот Opel Corsa, чија продажба порасна за 25% во Германија во Март, а на прво место беше и на пазарот во Велика Британија.

“Овие бројки покажуваат дека Опел е на јасниот пат кон успехот. Уверен сум : 2026 ќе биде добра година за Опел,” – изјави Флориан Хутел, генералниот директор на Opel и Vauxhall, не заборавајќи да напомене дека допрва се очекуваат бројките и од сосема новата Astra.

Oсобено добри беа работите за Опел на домашен терен, во Германија, каде со 33.600 регистрирани нови возила, во првиот квартал од 2026 година се забележа пораст од дури 39% споредено со истиот период лани.

Реклама