Се враќа шоуто Grand Tour, со сосема нови водители

76

Популарното автомобилско шоу Grand Tour, се враќа на 4ти Септември.

За таа цел е пуштен и официјалниот треилер, кој можете да го погледнете во продолжение.

Првата сезона ќе се состои од 6 епизоди, а во неа сега ќе настапуваат сосема нови водители – Францис Буржеоа, Џејмс Енгелсман и Томас Холанд.

Се разбира, предизвикот, одговорноста и притисокот пред нив ќе бидат огромни, ако се земе предвид дека последната екипа во шоуто ги опфаќаше култните водители – Џереми Кларксон, Џејмс Меи и Ричард Хамонд кои својата епопеја ја почнаа во шоуто Top Gear а подоцна се префрлија на Амазон во емисијата Grand Tour.

Реклама