Се враќа ли култниот “Yugo”?

378

Александар Бјелиќ, е човекот кој заедно со Дарко Марчета, како главен дизајнер, планира да го врати култниот автомобил Yugo, кој беше омилен мал, градски автомобил во поранешна Југославија, а истовремено еден од најкритикуваните автомобили во светот.

Бјелиќ е роден во Германија, работи во компанијата Globo, и заедно со својот адвокатски тим успеал да ги добие авторските права и да го заштити брендот Yugo.

Иако тој целиот свој живот го поминал во Германија, како колекционер на класични автомобили, меѓу кои и доста Застави и Југа, решил да го врати како автомобил и бренд Yugo, и тоа со премиера на прототипот во возна состојба на специјализираната излоѓба Expo 2027 во Белград.

Бјелиќ, нема намера да го произведува автомобилот, туку да заинтересира некој од производителите кои би можеле малиот автомобил со три врати да го пуштат во сериско производство.

Направен е и модел од глина во пропорции 1:5 кој ќе се искористи во аеродинамичниот тунел за да се утврди дали е доволно аеродинамичен.

Планот е да биде придвижуван на бензин, иако не е исклучено да се изработи и верзија на струја.

Реклама