BYD, Stellantis, Teslа и Volkswagen се четирите производители на електрични возила кои се под истрага на Агенцијата за заштита на конкуренцијата на Италија (AGCM), за можни измами на потрошувачите.
Истрагата главно е фокусирана на проверка на фактите, околу податоците кои производителите ги декларираат за своите автомобили, а се однесуваат на бројот на километри кои може да се поминат со едно полнење, степенот на деградација на батериите и околу ограничената гаранција.
Според информациите споделени од Агенцијата, информациите кои се официјално презентирани од страна на посочените производители на нивните веб страни се честопати контрадикторни и нејасни. На пример, се декларира дометот во километри, без притоа јасно да се наведе дека на степенот на автономија сериозно влијаат и временските услови како и условите на патот и возењето.
Доколку се докаже кршење на законот, казната која производителите би можеле да ја платат е од 5.000 до 10 милиони евра.














