Огромен број порачки за овој Huawei

190

И овој Кинески производител на технолошки уреди, Huawei, со седиште во Шенжен, реши да си ги проба силите во автомобилската индустрија и според првичните сигнали, ова ќе биде одличен потег.

Нивниот SUV кој го носи името Aito M8, oд 6 март до денес (значи за само 20-на дена) успеал да прокнижи неверојатни 70.000 порачки!

Она што е уште почудно е што стартната цена на овој SUV воопшто не е за занемарување и почнува од 55.000 евра!

Напред има електричен мотор од 221 коњска сила, а позади од 304 коњски сили. Клиентите може да бираат батерии од 36 kWh и 51,9 kWh, кои имаат домет од 201 и 310 км.

За дополнителен степен на автономија овој SUV е опремен и со 1,5 литарски бензински мотор, со турбо полнење од 158 коњски сили.

Се вели дека со полни батерии и полн резервоар на гориво, Aito M8 може да помине 1.526 километри.

Реклама