Познатиот Италијански бренд на спортски автомобили Масерати, неодамна во соработка со Швајцарската компанија специјализирана за премиум часовници Bianchet го исфрли рачниот часовник – UltraFino Maserati.

Часовникот ќе биде направен во само 100 примероци, што пак е уште еден дел од 100 годишнината на Трозабецот (логото на Maserati).
Kако што велат во Масерати, часовникот со титаниумска конструкција, и отворен кафез од кој се гледа целата внатрешна конструкција, ја црпи својата инспирација одмоделот Maserati MCPURA.

Во срцето на часовникот се крие моделот Bianchet UT01 calibre, автоматски часовник целосно изработен рачно и со Automatic Flying Tourbillon.
Има резерва од 60 часа.

Составен е од 225 компоненти и 29 драгоцени камења, а поседува и гаранција од пет години.
Инаку, часовникот беше претставен на Саемот за часовници, Watches and Wonders 2026, во Женева.
Интересно е дека овој часовник ќе чини неверојатни 103.000 долари!








