Дали е ова иднината на автоиндустријата?

295
Фото - Rheinemetal

Автоиндустријата на Стариот континент, неколку години е во вистински грч.

Се намалува побарувачката и продажбата на автомобили, што како ланец повлекува други ефекти – намалено производство, отпуштање на работници, затварање фабрики…

Според најновата информација споделена на FT, Европа, се чини најде начин како да ја стави оваа гломазна индустрија во функција.

Со новото “нормално”, челниците во Европската Унија заклучија дека е повторно дојдено време за забрзано вооружување, а како резултат на тоа и Германскиот производител на оружје – Rheinmetall, планира да превземе една од фабриките на Volkswagen, во Оснабрик која се планира да биде наскоро затворена.

И не само таа, туку производителот на оружје е фокусирано на уште неколку фабрики кои лесно би можеле да се преадаптираат и прилагодат за производство на оружје. Според нивната анализа, полесно е да се изврши преадаптирање на постоечки капацитет, наместо да се прави фабрика “од нула”.

Kако резултат на одлуката на Европските држави засилено и забрзано да се вооружуваат. Rheinmetall, кој е еден од најпознатите производители на тенкови во Европа, само минатата година има остварено промет од 9,8 милијарди евра.

Реклама