Според анализата на ADAC (Германскиот авто клуб), кај модерните возила се намалува видливоста зад воланот и прегледноста на патот.
Како пример за ова се посочуваат се’ пошироките А-столбови, повисоко поставените линии на прозорците и дизајнерските трендови кои ја намалуваат прегледноста од возилото кон надвор.
Сите овие фактори, според ADAC негативно влијаат на безбедноста во сообраќајот.
Особено се потенцира негативното влијание на пошироките А-столбови, зад кои може во возењето буквално да се скријат велосипедисти или моторциклисти, што истовремено ги става во огромен ризик.

Анализите покажуваат дека една од четири собраќајни незгоди настануваат при вртење, влегување во свијоци, влегување или излегување од автопат, влез во раскрсници.
А во сит еовие ситуации е неопходна добрата прегледност од сите страни, 360 степени околу оската на возачот.







