Претставен новиот електричен GTI!

151

Оваа година, Volkswagen Групацијата гордо ја слави 50 годишнината од официјалното лансирање на првиот спортски модел со значката GTI, која со златни букви е испишана во историјата на брендот.

Токму на овој убав јубилеј, 5 децении постоење, VW реши на својата светска премиера да ги објави првите фотографии, видеа и информации за новиот GTI кој доаѓа од светот на електрифицираните модели и го носи името ID.3 GTI1

И токму овој е и најмоќниот GTI модел направен во сериско производство, за кого претпродажбата започнува на почетокот од следната 2027 година.

 Електричниот мотор, на ID.3 GTI испорачува моќност од точно 240 kW на задната оска, со максимален вртежен момент од 525 Nm.

Oд 0 дo 100 km/h овој ГТИ ќе спринтува за 5,6 секунди, а како резултат на системот за контрола при лансирањето, се гарантира дека забрзувањето ќе се постигне без никакви црни траги од гумите на асфалтот.

Брзината му е лимитирана на 200 km/h.

Допонително погонот обезбедува и автономија со еднполнење до 601 километар.

Електричниот погонски мотор е интегриран во задната оска и се снабдува со енергија од литуим јонската батерија со капацитет од 79 kWh.

Со брз полнач од 10 до 80 проценти може да се наполни за 29 минути.

Ако го разгледаме дизајнот, на предницата ќе ги издвоиме следните елементи

На горната третина се поставени новите стандардни IQ.LIGHT LED matrix предни светла. Помеѓу нив се протега тенка проѕирна лента со осветлено лого на Волксваген , а над проѕирната лента, уште една тенка линија, со препознатливата црвенабоја која беше употребена во сите ГТИ модели, уште од рвиот Голф ГТИ во 1976 година.

Нов препознатлив мотив се и лед елементите поставени верткално на наворешните делови од браникот, а под тоа е маската за вшмукување на воздухот, во форма на саќе од мед и сјајна црна боја, направена за контрола на климата и ладење на батерискиот систем.

Страничната линија на новиот електричен гти располага со раскошни 20 инчни ауминиумски тркала вградени како стандардна опрема.

Боите со кои е украсен новиот гти се сребрена, црна, црвена и бела боја, а овде е додадена и нијанса на сива боја.

Во ентериерот бележиме сериозно индивидуален ентериер. Опремата, дизајнот на седиштата и техничките детали, сите се специјално изработени за електричниот гти.. доминантна шема, очекувано е црвена на црна боја.

Кога возачот ќе го притисне осветленото копче ГТИ поставено на позиција на 6 часот на новит мултифункционален волан, се активира нов профил на возење – ГТИ.

Тој е поставен на моделот ID.3 GTI1 покрај стандардните Eco, Comfort, Sport и индивидуалните профили.

Со пртискање на ова копче сите взни и шасиски компоненти и системи се ставаат на максимална спортска операција.

Во исто време може да се активира и системот Launch Control, контрола на лансирање.

Автоматски и сите позадински бои се менуваат во црвена, која е заштитната боја на GTI.

Во позадинаможе да се слушне и звукот на мотор со внатрешно согорување.

Во кабината доминира таканаречениот ID.3 Neo.

Поставен е нов и поголем дигитален кокпит и голем екран чувствителен на допир со големина од 12,9 инчи или 32,77 цм по дјагонала

Лентата со копчиња со кои се контролира климата е лоцирана под инфотејнмент дисплејот, а д нив на централната конзола е поставено и вртливо копче за контрола на звукот и функцијата за прескокнување на песни и радио станици.

И кај електричниот GTI може да се добија опционално и голем панорамски сончев покрив, функција на масажа и меморија за премиумспортските седишта. Харман Карод звучен систем со моќност од 480 вати, хед ап дисплеј и многу други нешта.

Цената официјално сеуште не е соопштена, но експертите смеаат дека ќе се движи од 50.000 евра нагоре.

Погледнете ја последната епизода од Темпо Магазин :

Реклама