Премиера на новиот Skoda Elroq RS

243

Како што беше и објавено, на Модната недела во Милано, Skoda го претстави својот електричен Elroq RS, кој претставува и најбрзото спортско возило од сериско производство кое го произвела компанијата од Чешка.

Ако основната Skoda Elroq, содржи еден мотор и има погон на задните тркала, а најмоќната варијанта испорачува 286 коњски сили, новиот Elroq RS го користи системот со два мотори кои генерираат вкупна моќност 340 кс, а погонот е на сите тркала, превземен од Volkswagen ID.4.

Новиот RS забрзува од 0 до 100 km/h за 5,4 секунди.

Новиот спортски модел има подобро управување, поголеми сопирачки и спортска шасија која е спуштенанапред за 15 мм, назад за 10 мм.

Во ентериерот доминира перфорираниот спортски волан и кожните седишта, но и посебни прекривки на седиштата с препознатлив зелен шиен раб.

Elroq RS има автономија на возење од 547 км, а полнењето од 10 до 80 проценти од батеријата ќе биде возможно за 26 минути.

За гамата на електрични автомобили на SKODA пишувавме и во овој пост.

Реклама