Mercedes-AMG ја подготвува најголемата офанзива во својата историја и во период од следните три години планира да лансира нови 27 модели!
Оваа информација ја сподели новиот директор Михаел Шибе, кој во едно интервју ја информираше јавноста дека во овој напад на нови модели ќе има возила со мотори со внатрешно согорување, како и моќни целосно електрични автомобили.
Оваа одлука, веројатно е поврзана со фактот што еден од најсериозните конкуренти BMW M, минатата година испорача 213,457 автомобили, додека во истиот период Mercedes-AMG продаде околу 145,000 автомобили.

Офанзивата е веќе започната со промоцијата на новите GLE 63 и GLS 63, двата опремени со моќни V8 мотори, но очигледно, приказната продолжува со уште поагресивно темпо.













