Во време кога цените на автомобилите вртоглаво растат, Кинеската компанија BYD го направи својот Seagull EV едноставно неодолив, со цена од само 7.000 евра. И да… ова е цена за автомобил на струја!
Но… смирете ја возбудата…
Оваа цена ќе важи само за домашниот пазар во Кина и само овој месец, додека трае специјалната продажна кампања на BYD.

BYD Seagull EV кон крајот на годинава се очекува да пристигне и во Европа, но на нашиот пазар, цената веројатно ќе биде двојно повисока.
Seagull во Кина може да се најде во три нивоа на опрема : Vitality, Freedom и Flying, а можете да го добиете и со два типа на батерии со капацитет од 30.1 kWh или 38.9 kWh, кои даваат автономија на возење од 305 km, т.е. 405 km според Кинескиот CLTC стандард.















