Oвој автомобил чини 7.000 евра!

253

Со исклучително атрактивна цена, слична на цената по која некогаш го купувавме малиот градски автомобил Chevrolet Spark, може да го добиете новиот, редизајниран Tata Altroz.

Проблемот, секако, е во тоа што новиот Altroz може да го добиете, само ако живеете во Индија.

Овој интересен градски хечбек, изгледа сосема пристојно.

Покрај допадливата надворешност, и во ентериерот Altroz не заостанува зад некои европски модели. Во предниот дел располага со два дисплеја од 10,25 инчи, опремен е со 6 воздушни перничиња, има кровен отвор кој може да се отвара со гласовна контрола и сосема пристоен аудио систем со 8 звучници.

Може да се избере опремен со следните мотори :

  • 1.2 литарски би-горивен мотор (бензин и метан) со 73 коњски сили
  • 1.2 литарски бензинец со 87 кс,
  • 1.5 литарски дизел мотор со 89 кс.

Конфигурации кои на многу наши корисници, сигурно совршено би им одговарале.

Моторите може да се спарат со петостепен мануелен мнувач, шест степен автоматски менувач со двојна спојка или нов петостепен автоматски менувач/

Реклама