Fiat подготвува спортско Topolino?

140

Според последните информации Италијански FIAT не само што подготвува спортска верзија на своето џуџенце Topolino, туку за него ја подготвува и значката Abarth.

Со ова FIAT сака да се приближи до помладата генерација.

Во моментов, Topolino е најпопуларниот квад во Италија, но просечната старост на купувачите се движи околу педесетите години, што според информациите, не им се допаѓа многу на продукт менаџерите во брендот на Stellantis.

Toкму затоа, неодамна беше лансиран и нов Спортски модел на Topolino, со “Monsterlino” Bluetooth звучник кој може да се вади и надвор од автомобилот.

Но амбициите не запираат таму и во компанијата сериозно работат на проектот Abarth Topolino кој би требало да биде вистински хит.

Имајќи предвид дека во оваа L6 класа, се строго регулирани перформансите, ограничена е и максималната брзина, веројатно можниот Abarth Topolino, нема да понуди подобри перформанси но ќе понуди поагресивен и спортски дизајн, кој треба да биде магнет за помладата генерација.

Реклама