Францускиот производител на автомобили Renault, својот SUV во C-сегментот, моделот наречен Austral, за прв пат го лансираше во 2022 година.
Денес, три годни подоцна, дојде време за мало моделско освежување.
Новиот Renault Austral е креиран за да обезбеди удобно возење и во дневните градски циркулации, но и на подолги семејни или бизнис патувања.
Опремен е со комплетно хибриден E-Tech мотор со 200 коњски сили и автоматски менувач.

“Renault Austral треба да има клучна улога во нашата офанзива во C-сегментот. Уникатен на пазарот, тој е компактен автомобил што размислува на големо, има многу простор во ентериерот, особно благодарение на лизгачките задни седишта. Има ефкасен фул хибриден E-Tech погон со моќност од 200 кс, како и опрема во кабината со која може да си конкурира со возила од повисоката класа со својот систем за препознавање на возачот со активирање на автоматски профил, со вградени системи како што се OpenR Link со вграден Google. Разноврсен и многу повеќе посакуван со својо тмодерен изглед, Новиот Renault Austral ги има сите квалитети за да допре до многу повеќе клиенти.” – изјави Бруно Вранел, Потпретседател на одделението за призводни перформанси на Рено.
Најголеми промени се направени во надворешноста.
Изведени се нова хауба, браник и маска напред.
Во предниот дел, околу логото се поставени повеќе мали детали во дијамантски облик, кои се изработени во препознатливиот дизајнерски мотив на автомобилите на Renault од повисоката класа.
На деталите е внимавано и при изведувањето на предните и задните светла.
Популарната комбинација на бои на каросеријата и главно црниот кров, сега оди како стандард од нивото на опременост – Techno.
Црни заштитни линии се протегаат и во долниот страничен дел на возилото и го штитат задниот дел, вратата и крилото од камчиња и парчиња асфалт.
Предните светла се со Adaptive LED Vision технологија, како стандард. Matrix Vision технологијата на предните светла контролира поголем број на LED сијалички, кои ги насочуваат снооповите светлина за идеално осветлување на патот, истовремено спречувајќи ја опасноста да се заслепи возачот кој доаѓа од спротивна насока.

Модерен ентериер, напреден инфотејнмент
Кога за прв пат ќе влезете во вашиот нов Renault Austral, благодарение на системот за препознавање на возачот кој користи камера поставена во кабината, имате можност да го сетирате вашиот индивидуален профил, преку мултимедиалниот екран.
Овој профил може да се активира автоматски кога ќе влезете во автомобилот, а профилот опфажќа повеќе детали – домашнoто мени,омилени радио и други мултимедијални станици, позиција на возење со која се подесуваат седиштата и ретровизорите според вашите димензии и преференции и Google aпликациите.
Камерата на овој систем прави скенирање, секогаш кога некој влегува во автомобилот.
Притоа прибраните податоци од скенирањето не се праќаат никаде, туку остануваат во автомобилот.
Во ентериерот, новите седишта нудат подобрена латерална поддршка и поддршка за рамењата.
И акустичната заштита е подобрена со новие гумени заптивки на вратите, новиот дизајн на реторвизорите со кои се намалува бучавоста што ја создава ветерот, а на најопремениот модел поставена е и посебна заштитна, акустична глазура на прозорите од предните врати.
Багажниот простор варира од 527 до 1.736 литри, зависно од конфигурацијата на задната клупа.
Во ентериерот, патниците можат да уживаат во 9 или 12,3 инчен дигитален дисплеј, чувствителен на допир што се комбинира со 12 инчниот дигитален, инструмент кластер поставе зад воланот.
Дополнително, на возачот на располагање му е и хед ап дисплеј со големина од 9,3 инчи.
За мултимедијалното задоволство, одговорен е OpenR link мултимедијалниот систем со вграде Google опции и апликации, вклучувајќи ги и Google Maps навигацијата, Google Assistant гласовна контрола и Google Play со 50 расположиви апликации.
Безбедносни системи
Нова е и функцијата “Take a break!” – во превод одмори се. Камерата која ги распознава ликовните функции,препознава кога возачот ги затвара очите, фреквентно трепка или поспано ја отвара устата. Во тие ситуации, системот издава аларм, со што го предупредува возачот дека е време за одмор.
За новиот Аustral, изготвени се специјални алуминиумски тркала од 18, 19 и 20 инчи.
Мотори
Што се однесува до моторите, првиот е Благиот хибрид со моќност од 160 коњски сили, составен од 4 цилиндричен, 1,3 литарски турбо мотор на бензин со директно вбризгување, кој е поддржан од стартер – алтернатор и 12 волтна литиум јонска батерија спарена со CVT- автоматски менувач.
Вториот, full hybrid E-Tech погон со моќност од 200 коњски сили, е составен од 3-цилиндерски 1,2 литарски турбо мотор на бензин, со моќност од 130 кс (96 kW) со вртежен момент од 205 Nm и два електрични мотори:
- главниот електричен мотор има капацитет од 50 kW (70 кс и 205 Nm) и е движен од 2 kWh/400V литиум јонска батерија. Овој мотор е за возење на струја
- секундарен електричен мотор или стартер генератор со висока волтажа кој развива 25 кс за 50 Nm вртежен момент. Овој мотор го стартува моторот за внатрешно согорување и ги менаџира менувањата на брзини.
Новиот Austral oд 0-100 km/h развива за 8.4 секунди.
Новиот адут на Renaul ги има повеќето системи за напредна помош на возачот, како што се Active Driver Assist што ги комбинира адаптивниот темпомат, со возењето во средишниот дел од коловозната лента.
Следат системите за предупредување во случај на пребрзо возење, одржувањето дистанца од возилото пред вас, системот за препознавање сообраќајни знаци, одржување на возилото воколовозната лента, акивен систем на сопирање во случај на опасност,предупредување во случај на опасност од мртвата точка во ретровизорот, предупредување во случај на излегување од лентата, предупредување во случај на замор на возачот, предни, задни и странични сензори за паркирање и многу други нешта.














