Eве го! Новиот Audi Q7!

871

Германскиот бренд на луксузни возила Аudi, ја лансира својата нова, трета генерација на SUV моделот Q7 кој треба да понуди соврешени решенија за секојдневно користење во урбаните средини, на отворен пат и секако како луксузен бизнис SUV автомобил.

Новиот Q7 е достапен во варијанта со пет, шест и седум седишта, со што нуди навистина повеќефункционална корисност.

Стандардната варијанта доаѓа со пет седишта, но достапна е и варијанта со уште две дополнителни седишта во третиот ред, со што петте, се трансформираат во седум седишта за патниците.

Притоа треба да се напомене и тоа дека сите седишта се електрично прилагодливи.

За багажот се спакувани комфорни 806 литри, простор кој со склопување на вториот ред седишта се зголемува на дури 2.075 литри простор за складирање.

Просторот внатре е комфорен, за што дополнително придонесува и панорамскиот сончев кров, со прилагодлива провидност и осветлување.

Моќта ја испорачува 3,0 литарскиот V6 дизел мотор со моќност од 220 кw или 180 kw, со благо хибридна технологија која додава уште 18 kw моќност кога тоа му е потребно на возилото.

Во стандардната верзија моторот е спарен со осум брзински тип-троник и перманентен кватро погон ан сите тркала, со нов централен диференцијал со ограничено пролизгување, што ја подобрува тракцијата и одговорот на воланот, што пак, резултира со поагилно и постабилно возење.

Стартната цена на новиот Q7 во Германија почнува од 87.900 евра.

За генераниот директор на Ауди, Жерно Долнер – Audi Q7 за повеќе од 20 години претставува перфектен премиум SUV. Со својата нова генерација, продолжи Долнер, ја продолжуваме оваа мисија понатаму. Комбинираме спортски, моќен дизајн со високо прилагодлив ентериер, првокласни материјали и широка палета а технологии.

Audi Q7 испорачува одлични својства на секаков терен, како резултат на неговата кватро технологија, применета уште во 2005 година.

Q7  со своите сериозни пропорции, висока странична линија,  и моќна предница е навистина моментно воочлив голем премиум SUV на патот.

Во поглед на осветлувањето, достапни се и опционалните дигитални Matrix LED предни светла со микро ЛЕД модули,кои можат директно да проектираат светлосни снопови со висока резолуција, кои отвараат многу можности за адаптивно осветлување на патот и дистрибуција на светлината.

Одзади, поставена е третата генерација на дигитални OLED задни светла, кои делуваат како средства за комуникација со останатите учесници во сообраќајот, но и како активен светлосен потпис.

Дигиталните OLED панели, креираат атрактивни дизајни со тродимензионални ефекти возадното светло.

Светлосните функции, во Q7 е сериозно врзано сега со својствата на асистенција на возачот.

Така на пример како резултат на податоците прибрани од системите за асистенција сите светлосни функции и системи се прилагодуваат на условите на патот и овозможуваат од една страа одлично осветлување за возачот, како и сериозни предупредувачки сигнали за останатите учесници во сообраќајот.

Секако, овој премиум SUV автомобил има и премиум пакет на системи за асистенција на возачот како што се – адаптивниот возен асистент плус, кој му помага на возачот во забрзувањето, сопирањето, одржувањето на брзината и на растојанието од останатите возила.

Ова го прави возењето полесно и покомфорно, особено на подолги релации.

Секако возачите имаат големапредности од напредните системи за паркирање, меѓу кои на прмер може да го издвоиме и системот за излегување од еднонасочна, мртва улица, која е тешка за маневар и прегледност.

Новиот  Q7 се произведува во Братислава – исто како што беше и со претходните две генерации. Ќе биде достапен за порачка во Германија од Јуни 2026 година, а испораките ќе започнат некаде во Септември.

Реклама